Заем од 25 милиони евра за социјални станови

Bez autora
Mar 15 2010

Рамковен договор за заем во висина од 25.350.000 евра за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи беше потпишан вчера од министерот за финансии Зоран Ставрески и Рафаел Аломар, гувернер на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ). Македонија ќе учествува во реализацијата на овој проект со 25.350.000 евра буџетски средства, додека вкупниот износ на проектот е 50.700.000 евра. Проектот има за цел засилување на развојот на социјалната политика преку борбата против сиромаштијата и социјалното исклучување на лица со ниски приходи и социјално ранливите групи. Со проектот е предвидено да се изградат 37 згради со вкупно 1.708 станови во 19 града во Република Македонија. Распределувањето на овие станови ќе биде извршено од посебно формирана комисија задолжена за распределба на становите.

Заем од 25 милиони евра за социјални становиРамковен договор за заем во висина од 25.350.000 евра за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи беше потпишан вчера од министерот за финансии Зоран Ставрески и Рафаел Аломар, гувернер на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ).

Македонија ќе учествува во реализацијата на овој проект со 25.350.000 евра буџетски средства, додека вкупниот износ на проектот е 50.700.000 евра.

Проектот има за цел засилување на развојот на социјалната политика преку борбата против сиромаштијата и социјалното исклучување на лица со ниски приходи и социјално ранливите групи.

Со проектот е предвидено да се изградат 37 згради со вкупно 1.708 станови во 19 града во Република Македонија. Распределувањето на овие станови ќе биде извршено од посебно формирана комисија задолжена за распределба на становите.

Проектот почна да се спроведува во 2007 година, а се очекува истиот да заврши до јуни 2013 година. Дефинирани се шест таргет-групи, кои ќе бидат подобни да ги користат овие станови: деца без родители над 18 години, невработени лица и лица корисници на социјална помош, жители на региони погодени од природни катастрофи, инвалидизирани лица или домаќинства кои имаат инвалидизирано лице, социјално загрозени лица припадници на ромската популација и самохрани родители со малолетни деца.

Рокот за отплата на заемот ќе се утврдува за секоја транша одделно, при што рокот на отплата може да биде до 20 години, вклучувајќи грејс период до пет години. Заемот ќе се повлекува во неколку транши. Првата транша треба да се повлече во рок од 12 месеци од стапувањето на сила на Рамковниот договор за заем и не треба да надмине 33 проценти од вкупниот износ на заемот.

Каматната стапка и валутата ќе се одредуваат за секоја транша од заемот одделно на денот на повлекување на истата. Каматната стапка за сервисирање на заемот може да биде варијабилна или фиксна. Варијабилната каматна стапка е ЕУРИБОР зголемен за варијабилен распон, соопшти Министерството за финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik